first

Дали „Законот за заштита на лични податоци“ е стапен на сила?
Да, „Законот за заштита на лични податоци“ е донесен на 16.02.2020год, врз основа на ЕУ регулативата, односно врз основа на General Data Protection Regulation (GDPR) и стапи на сила на  24.08.2021.
На кого се однесува „Законот за заштита на лични податоци“?

Овој закон се применува на целосно или делумно автоматизирана обработка на личните податоци и на друга обработка на личните податоци коишто се дел од постојна збирка на лични податоци или се наменети да бидат дел од збирка на лични податоци.

Одредбите од овој закон нема да се применуваат врз обработката на личните податоци што се врши од страна на физички лица, исклучиво заради лични активности или активности во домот.

Што е ЗЗЛП?

Новиот Закон за заштита на личните податоци претставува усогласување на законодавството на заштитата на личните податоци со Општата регулатива за заштита на личните податоци на Европскиот парламент и Советот на Европската унија (ЕУ) 2016/679 .

Новите начела на Општата регулатива за заштита на личните податоци треба да обезбедат проактивен пристап во заштитата на личните податоци со што приватноста ќе се зема предвид во текот на целиот процес на поставување на еден систем за обработка на лични податоци. Целта е да добиеме систем кој е дизајниран така што нема потреба од имплементирање дополнителни мерки за заштита, едноставно системот не ви дозволува да направите тоа што не треба. На пример, нема да може да употребувате лозинка која не е сложена, системот автоматски ќе ги деперсонализира а потоа и ќе ги брише податоците по определен рок на чување, итн.


second

Како icomply може да Ви помогне во процесот на усогласување со Законот ?

Со оглед на комплетната реформа во легислативата во оваа област, несомнено се наметна и обврската за изготвување на комплетно нови акти од страна на контролорите и обработувачите, како што се нови правилници, изјави, извештаи, обрасци и сл., кои што задолжително треба да бидат изготвени и да се водат согласно новиот закон, како и да се применуваат при обработката на личните податоци.

Документите во пакетот се изработени од страна на врвни експерти во областа на примената на Законот за ЗЛП.

Што содржи пакетот ?

Пакетот ги содржи основните Документи – Политики, Правилници и Обрасци кои се потребни да ги поседувате согласно Законот за ЗЛП, како што следува:

  • Акт за определување-назначување на ОЗЛП
  • Известување за определување-назначување на ОЗЛП
  • Политика за заштита на ЛП
  • Политика за приватност
  • Правилник за технички и организациски мерки (ТОМ) за заштита на ЛП
  • Правилник за обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем
  • Правилник за пријава на инциденти
  • Образец бр.1 – Известување за нарушување на безбедноста на личните податоци до АЗЛП
  • Образец бр.2 – Известување на субјектот на личните податоци за нарушување на безбедноста на личните податоци”
  • Методологија за анализа на влијанието на приватноста
  • Правилник за пријава на збирки на лични податоци од висок ризик
  • Правилник за пренос на ЛП
  • Изјава за тајност
  • Правилник за Видео Надзор
  • Регистар на збирки на ЛП
  • Евиденција на обработка на ЛП
  • Евиденција на обработувачи
Како да го добијам Пакетот?
  • Потребно е да се регистрирате на https://www.icomply.mk/form/ и да ја извршите уплатата.
  • Препорака е пред извршување на Уплатата да ја посетите Презентацијата.
  • По извршената уплата ќе бидете контактирани околу самиот процес на формирање на Пакетот согласно Вашите специфики и потреби.

Целиот процес не трае подолго од 5 работни денови, од моментот на извршената Уплата.

Дали со Пакетот добивам и право на консултација за примена на истиот ?

Со добивање на пакетот добивате право на консултација во однос на примената и содржината на самиот Пакет, преку достава на е-маил: info@icomply.mk


third

Финансиски казни

За разлика од стариот закон за заштита на личните податоци, каде што беа предвидени прекршоци во фиксни износи за определен прекршок, или пак во определен опсег (од-до), во новиот закон се предвидени прекршочни одредби систематизирани во 2 категории, зависно од тежината на прекршокот, како и посебни прекршочни одредби за видео надзор, при што предвидени се глоби зависно од вкупниот годишен приход.

Прекршоци од I категорија – полесни прекршоци, таксативно наброени во законот

Глоба во износ до 2% од вкупниот годишен приход на контролорот или обработувачот правно лице, (изразена во апсолутен износ) остварен во деловната година што и претходи на годината кога е сторен прекршокот или од вкупниот приход остварен за пократок период од годината што му претходи на прекршокот, доколку во таа година правното лице започнало да работи.

Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на
одговорното лице во правното лице за сторениот прекршок.

Прекршоци од II категорија – потешки прекршоци, таксативно наброени во законот

Глоба во износ до 4% од вкупниот годишен приход на контролорот или обработувачот – правно лице, (изразена во апсолутен износ) остварен во деловната година што и претходи на годината кога е сторен прекршокот или од вкупниот приход остварен за пократок период од годината што му претходи на прекршокот, доколку во таа година правното лице започнало да работи.

Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за сторениот прекршок.

Финансиски казни – видео надзор

Глоба во износ од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице – контролор, ако врши видео надзор спротивно на одредбите од овој закон.

Глоба во износ од 100 до 500 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за сторениот прекршок.


fourth

Дали сите компании/фирми мора да назначат Офицер за заштита на лични податоци?

Компании под 10 вработени, кои немаат утврдено други збирки на лични податоци освен за вработените (немаат збирка на лични податоци за видео надзор или за корисници) немаат потреба да назначуваат Офицер за заштита на лични податоци.

Каде се применува Законот ?

Законот за ЗЛП се применува ако Контролорот / обработувачот (правното лице) е

  • основан во Р. С. Македонија, без разлика дали обработката се врши во или надвор од нејзината територија.
  • се врши понуда на стоки или услуги (без разлика дали се бара да се изврши плаќање) на граѓанин на Р.С. Македонија
  • се набљудува однесувањето на субјектот додека истиот се наоѓа се одвива во територијата на државата

Овие правила важата без разлика дали контролорот / обработувачот е основан во државава или надвор од неа.

Офицер за заштита на личните податоци

Новиот закон за заштита на личните податоци му дава повеќе права и обврски на oфицерот за заштита на личните податоци и со тоа дополнително ја зајакнува неговата улога во процесот на обработка на личните податоци.

Новина во законот е тоа што се воведува можност една група на правни лица да може да определат еден офицер за заштита на личните податоци, под услов офицерот да биде лесно достапен за секое правно лице.

Друга новина која е предвидена во законот е офицерот да се определи врз основа на неговите стручни квалификаци, стручни знаења за законодавството од оваа област и практиките.

Офицерот за заштита на личните податоци може да биде вработен кај контролорот (како и во стариот закон), но со новиот закон е предвидено дека може да ги извршува работите врз основа на договор за услуги.

Со оглед дека е потребно офицерот да има одредени познавања од оваа област, Агенцијата треба да организира обуки за офицери како би можело да се обезбеди дека тие лица ќе ги имаат неопходните вештини и експертиза.

Дали смеам да ги споделувам Документите од Пакетот со други правни лица ?

Не. Документите се однесуваат само на Корисникот, Правното лице кое ја извршила Уплатата за Пакетот.

Кое лице е најсоодветно да биде контакт лице во врска со примената на Пакетот ?

Офицер за заштита на личните податоци е најсоодветното лице кои треба да биде контакт лице во врска со превземањето и примената на Документите од Пакетот.


fifth

Кое е надлежно тело за спроведување на „Законот за заштита на лични податоци“?

Надлежно тело за спроведување на законот е Агенцијата за заштита на лични податоци.

Каде да се информираме за „Законот за заштита на лични податоци“?

На веб страната на Агенцијата за заштита на личните податоци може да  ги најдете  сите податоци поврзани со „Законот за заштита на лични податоци“

Имам прашања и дилеми околу примената на Законот и содржината на Пакетот

Закажете on-line Презентација пријавувајќи се на следниот линк: https://www.icomply.mk/consultation/

Што не е опфатено со пакетот?

Пакетот не гарантира Усогласност со Законот за ЗЛП.

Обврската за соодветна примена и почитување на одредбите од Законот за ЗЛП е во целосна одговорност на самото Правно лице.