2021 Ное 15 By admin 0 comment

За разлика од стариот закон за заштита на личните податоци, каде што беа предвидени прекршоци во фиксни износи за определен прекршок, или пак во определен опсег (од-до), во новиот закон се предвидени прекршочни одредби систематизирани во 2 категории, зависно од тежината на прекршокот, како и посебни прекршочни одредби за видео надзор, при што предвидени се глоби зависно од вкупниот годишен приход.

Прекршоци од I категорија – полесни прекршоци, таксативно наброени во законот

Глоба во износ до 2% од вкупниот годишен приход на контролорот или обработувачот правно лице, (изразена во апсолутен износ) остварен во деловната година што и претходи на годината кога е сторен прекршокот или од вкупниот приход остварен за пократок период од годината што му претходи на прекршокот, доколку во таа година правното лице започнало да работи.

Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на
одговорното лице во правното лице за сторениот прекршок.

Прекршоци од II категорија – потешки прекршоци, таксативно наброени во законот

Глоба во износ до 4% од вкупниот годишен приход на контролорот или обработувачот – правно лице, (изразена во апсолутен износ) остварен во деловната година што и претходи на годината кога е сторен прекршокот или од вкупниот приход остварен за пократок период од годината што му претходи на прекршокот, доколку во таа година правното лице започнало да работи.

Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за сторениот прекршок.