2021 Ное 15 By admin 0 comment

Потребно е да се регистрирате на https://www.icomply.mk/form/ и да ја извршите уплатата. Препорака е пред извршување на Уплатата да ја посетите Презентацијата. По извршената уплата ќе бидете контактирани околу самиот процес на формирање на Пакетот согласно Вашите специфики и потреби. Целиот процес не трае подолго од 5 работни денови, од моментот на извршената Уплата.

2021 Ное 15 By admin 0 comment

Со оглед на комплетната реформа во легислативата во оваа област, несомнено се наметна и обврската за изготвување на комплетно нови акти од страна на контролорите и обработувачите, како што се нови правилници, изјави, извештаи, обрасци и сл., кои што задолжително треба да бидат изготвени и да се водат согласно новиот закон, како и да се применуваат при обработката на личните податоци. Документите во пакетот се изработени од страна на врвни експерти во областа на примената на Законот за ЗЛП.

2021 Ное 15 By admin 0 comment

Овој закон се применува на целосно или делумно автоматизирана обработка на личните податоци и на друга обработка на личните податоци коишто се дел од постојна збирка на лични податоци или се наменети да бидат дел од збирка на лични податоци. Одредбите од овој закон нема да се применуваат врз обработката на личните податоци што се врши од страна на физички лица, исклучиво заради лични активности или активности во домот.