2021 Ное 15 By admin 0 comment

Пакетот не гарантира Усогласност со Законот за ЗЛП. Обврската за соодветна примена и почитување на одредбите од Законот за ЗЛП е во целосна одговорност на самото Правно лице.

2021 Ное 15 By admin 0 comment

Потребно е да се регистрирате на https://www.icomply.mk/form/ и да ја извршите уплатата. Препорака е пред извршување на Уплатата да ја посетите Презентацијата. По извршената уплата ќе бидете контактирани околу самиот процес на формирање на Пакетот согласно Вашите специфики и потреби. Целиот процес не трае подолго од 5 работни денови, од моментот на извршената Уплата.

2021 Ное 15 By admin 0 comment

Пакетот ги содржи основните Документи – Политики, Правилници и Обрасци кои се потребни да ги поседувате согласно Законот за ЗЛП, како што следува: Акт за определување-назначување на ОЗЛП Известување за определување-назначување на ОЗЛП Политика за заштита на ЛП Политика за приватност Правилник за технички и организациски мерки (ТОМ) за заштита на ЛП Правилник за обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем Правилник за пријава на инциденти Образец бр.1 – Известување за нарушување на безбедноста на личните податоци до АЗЛП Образец бр.2 – Известување на субјектот на личните податоци за нарушување на безбедноста на личните податоци” Методологија за анализа на…

2021 Ное 15 By admin 0 comment

Со оглед на комплетната реформа во легислативата во оваа област, несомнено се наметна и обврската за изготвување на комплетно нови акти од страна на контролорите и обработувачите, како што се нови правилници, изјави, извештаи, обрасци и сл., кои што задолжително треба да бидат изготвени и да се водат согласно новиот закон, како и да се применуваат при обработката на личните податоци. Документите во пакетот се изработени од страна на врвни експерти во областа на примената на Законот за ЗЛП.

2021 Ное 15 By admin 0 comment

Глоба во износ од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице – контролор, ако врши видео надзор спротивно на одредбите од овој закон. Глоба во износ од 100 до 500 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за сторениот прекршок.

2021 Ное 15 By admin 0 comment

За разлика од стариот закон за заштита на личните податоци, каде што беа предвидени прекршоци во фиксни износи за определен прекршок, или пак во определен опсег (од-до), во новиот закон се предвидени прекршочни одредби систематизирани во 2 категории, зависно од тежината на прекршокот, како и посебни прекршочни одредби за видео надзор, при што предвидени се глоби зависно од вкупниот годишен приход. Прекршоци од I категорија – полесни прекршоци, таксативно наброени во законот Глоба во износ до 2% од вкупниот годишен приход на контролорот или обработувачот правно лице, (изразена во апсолутен износ) остварен во деловната година што и претходи на годината кога е сторен прекршокот или од вкупниот…