2021 Ное 15 By admin 0 comment

Овој закон се применува на целосно или делумно автоматизирана обработка на личните податоци и на друга обработка на личните податоци коишто се дел од постојна збирка на лични податоци или се наменети да бидат дел од збирка на лични податоци. Одредбите од овој закон нема да се применуваат врз обработката на личните податоци што се врши од страна на физички лица, исклучиво заради лични активности или активности во домот.

2021 Ное 14 By admin 0 comment

Новиот Закон за заштита на личните податоци претставува усогласување на законодавството на заштитата на личните податоци со Општата регулатива за заштита на личните податоци на Европскиот парламент и Советот на Европската унија (ЕУ) 2016/679 . Новите начела на Општата регулатива за заштита на личните податоци треба да обезбедат проактивен пристап во заштитата на личните податоци со што приватноста ќе се зема предвид во текот на целиот процес на поставување на еден систем за обработка на лични податоци. Целта е да добиеме систем кој е дизајниран така што нема потреба од имплементирање дополнителни мерки за заштита, едноставно системот не ви дозволува…