2021 Ное 15 By admin 0 comment

Глоба во износ од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице – контролор, ако врши видео надзор спротивно на одредбите од овој закон. Глоба во износ од 100 до 500 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за сторениот прекршок.

2021 Ное 15 By admin 0 comment

За разлика од стариот закон за заштита на личните податоци, каде што беа предвидени прекршоци во фиксни износи за определен прекршок, или пак во определен опсег (од-до), во новиот закон се предвидени прекршочни одредби систематизирани во 2 категории, зависно од тежината на прекршокот, како и посебни прекршочни одредби за видео надзор, при што предвидени се глоби зависно од вкупниот годишен приход. Прекршоци од I категорија – полесни прекршоци, таксативно наброени во законот Глоба во износ до 2% од вкупниот годишен приход на контролорот или обработувачот правно лице, (изразена во апсолутен износ) остварен во деловната година што и претходи на годината кога е сторен прекршокот или од вкупниот…