Оваа Политика на приватност е подготвена како промоција на имплементираниот концепт за заштита на приватноста во Icomply.mk, а со цел да се појасни начинот на кој се врши обработката на Вашите лични податоци  при посетата И регистрацијата на нашата интернет страница  www.ICOMPLY.mk

Оваа Политика на приватност се однесува единствено за заштитата на приватноста на личните податоци при посетата/ регистрацијата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини ниту на Вашата посета на другите интернет страници до кои пристапувате преку нашата страница.

Од аспект на заштита на обработката на личните податоци, Icomply.mk е Контролор на лични податоци, а субјекти на лични податоци се сите клиенти при посета/регистрација на нашата веб-страницата.

Собирање и обработка на Вашите личните податоци  

При посетата на страницата, Друштвото ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контакт информации), само доколку доброволно со Ваша согласност ги дадете преку регистрирање на нашата страница, со цел користење на нашите услуги и производи.

 Цели за кои се користат собраните лични податоци  

  • Да  ја обезбедиме бараната услуга, односно on line купување на полиси за осигурување при што се идентификува корисникот;
  • Да обезбедиме известување за промена на условите и тарифите, воведување на нов вид продукти за клиентите;
  • Да се обезбеди мислење од клиентите во врска со on line продажбата, видовите на осигурување кои ги нуди Друштвото и евентуално за спроведување на анкети, преку поставени прашања до клиентите;
  • Да се олеснат и проследат пребарувањата на клиентите и барањата за информации при јавување од страна на клиентите во врска со видовите на осигурување;
  •  Реализација на наградни игри и други промотивни понуди;
  • Да се разгледа можноста за евентуални вработувања доколку клиентите се обратат или аплицираат за работа преку веб-страницата на Друштвото;
  • Помош при појава на проблем при користењето на производите и услугите,
  • Прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами) соодветно на интересите на клиентите, врз основа на нивна  изречна согласност

Дополнително собраните податоци се користат за:

  • Да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашата веб-страницата, производи, услуги;
  • Да се подобрат постоечките и создадат нови производи и услуги, препораки, реклами и други комуникации;
  • За поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на производите и услугите.

Кога се регистрирате онлајн, посебно кога е потребен пренос на строго доверливи информации, Друштвото го заштитува протокот на Вашите лични податоци преку мрежата со HTTPS (протокол за заштита на информации).

Колачиња (анг. Cookies)

На нашата веб-страница користиме колачиња. Колачето претставува мала датотека којашто се состои од букви и бројки што се запишуваат на Вашиот компјутер. Колачињата не зачувуваат лични податоци, како што се Вашето име или адреса. Кога следниот пат ќе ја посетите нашата страница, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме Вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат Вашите прилагодувања и други информации, но не можат да ги читаат Вашите податоци или информации од Вашиот тврд диск или, пак, да читаат други зачувани датотеки за колачиња од други страници. Може да го наместите Вашиот веб-прелистувач да ги одбива колачињата, за што може подетално да се информирате преку нашата Политика за колачиња

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на АЗЛП.

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци, на следниов e-mail: privacy@icomply.mk